Цената на биткоинот и утрово продолжи со растот од синоќа, достигнувајќи нови рекорди и првпат еден биткоин вреди 48.000 долари.
Нови инвеститори во најпознатата и најважна криптовалута во светот, предизвика веста дека компанијата Tesla купила биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари. Како што наведоа, тие сакале да обезбедат поголема флексибилност и да ги максимизираат своите приходи.
Исто така, Tesla објави дека ќе овозможи употреба на биткоин како начин на плаќање при купување на нивните производи. По оваа објава, вредноста на биткоинот скокна дури 10,96 проценти – на 43.200 американски долари, а растот продолжи и после тоа.
Биткоинот зајакна неверојатни 23,93 проценти за 24 часа и се продаде за 48.049,91 американски долари во 2:03 часот по источно-американско време.
Поврзани артикли