Специјалистите на Google креираа нервна мрежа која ќе го анализира здравјето на пациентите, па дури ќе дава и прилично точни предвидувања за тоа кога пациентите ќе починат.

Проектот се базира на нервни мрежи кои аналиираат илјадници индикатори за здравјето и други фактори. Благодарение на „медицинскиот мозок“, лекарите повеќе нема да трошат време за предвидување на текот на болеста, веројатност за реадмисија или смрт. Сите информации за пациентот се вчитуваат во нервната мрежа и системот прави прогноза.

Ако болеста е тешка, тогаш вештачкиот интелект тправи анализа на сите фактори и дава прогноза за тоа колку е веројатно пациентот да умре, па дури и може да прогнозира и точен датум на кој ќе настапи смртта.