Новиот DualSense контролер на Sony наменет за конзолата PlayStation 5 содржи огромен број PlayStation симболи.

Sony одлучи да му даде на својот нов DualSense контролер една интересна карактеристика, а тоа се дури 40.000 ситни PlayStation симболи.

Се работи за микротекстура составена од 40.000 многу ситни коцки, триаголници, кругови и x симболи, која се наоѓа на долните делови на контролорот и служи за подобро сместување на контролорот во рацете на корисникот.

Sony претходно не зборуваше за ова, ниту за начинот на кој се нашле на контролорот, но мистеријата ја открија главните дизајнери Јуџин Морисава и Такеши Игараши.

Со користење на лупа, може да се види дека не се работи за еднослојна текстура, туку ситни симболи се наоѓаат еден над друг и се тродимензионално истакнати. Целиот дизајн е скициран со рака.

Ова не е единствениот дизајн, бидејќи биле создадени неколку за да бидат тестирани, а на крај е избран најдобриот според изгледот, текстурата и зафатот.

Многу време е потрошено на избор на „висината“ на симболите, а на крајот се избрани два слоја од кои еден е видок 15 микрони, а другиот 30 микрони.

Мерењата биле извршени со Nikon LV100 микроскоп.