Досегашното искуство со виртуелната реалност главно се темели на игри и забава. Било која посериозна работа беше тешко да се постигне, првенствено поради неможноста ефикасно да се користи виртуелна тастатура.

Сега, компанијата „Тап системс“ направи уред кој истовремено претставува тастатура и глувче, но и џојстик за игри, што на корисниците им овозможува едноставна употреба.

Уредот се навлекува на дланката, односно на врвот на прстите и го детектира нивното тапкање. Тој е ергономски дизајниран и не пречи при употреба.

Преку bluetooth конекција може да се поврзе со различни уреди и може да се користи за пишување текст, позиционирање, кликање и лизгање на речиси секоја површина.

Исто така постои и можност за прилагодување на виртуелните тастери, така што може да се адаптира на различни игри.

Покрај неговата употреба во комбинација со VR опрема, може да се користи и независно од неа. Уредот ги поддржува оперативните системи Windows, Android и iOS.