По објавата, се чинеше дека Sony не може да ги консолидира залихите на својата PlayStation 5 конзола. Меѓутоа, и покрај недостигот, компанијата сепак успеа да продаде над 4,5 милиони конзоли во текот на 2020 година.
Во комбинација со 1,4 милиони продадени PlayStation 4 конзоли, гејминг бизнисот на Sony го забележаа најдобриот фискален квартал во историјата со приход од 8,4 милијарди долари. Тоа претставува раст од 40 проценти во споредба со 2019 година.
Заработката на компанијата исто така порасна за 50 проценти и изнесува 763 милиони долари, а на ова влијаеше и зголемената продажба на игри. Sony имаше и зголемување на претплатите на PlayStation Plus и другите мрежни сервиси.
И покрај тоа што PS5 бележи добар старт, Sony потврди и дека губи пари на секоја продадена PS5 конзола затоа што постави „стратешки цени за PS5 хардверот, кои се пониски од трошоците за производство“.
Вкупно гледано, Sony имаше добар последен квартал, а забележана е профитабилност во речиси сите сегменти, со раст на заработувачката и оперативниот приход од 9,5 и 20 проценти. Гејминготвповторно беше водечки сектор.
Поврзани артикли