По одвојувањето од Huawei, сите се прашуваа дали компанијата Honor ќе може да склопи партнерство со Google и дали во идните телефони на Honor ќе бидат инсталирани услугите на Google.
Извршниот директор на Honor, Џорџ Жао ги отстрани сомнежите и посочи дека нема причина компанијата уште еднаш да не влезе во партнерство со Google.
Засега, Honor го потврди партнерството со Intel, AMD, Qualcomm и MediaTek, а Google е големото име што недостасува на оваа листа. Во интервју за South China Morning Post, Жао истакна дека двете компании веќе се во преговори.
Меѓутоа, ова и натаму не појаснува дали неодамна објавениот Honor V40 во својата глобална верзија ќе има поддршка за услугите на Google. Тоа ќе го дознаеме кога телефонот ќе се појави на пазарите надвор од Кина.