Пазарот на флексибилни телефони, без сомневање, ќе се прошири во текот на следните години. Samsung и Huawei веќе неколку години се во овој сегмент на пазарот. Google и Apple во последно време, исто така, се споменуваат како компании што ги тестираат своите флексибилни телефони.
Покрај тоа, кинеските производители како што се Oppo, Vivo и Xiaomi би требало да ги претстават своите флексибилни смартфони во текот на 2021 година. Новите извештаи сугерираат дека овие кинески производители ќе добијат дисплеите за своите флексибилни уреди од Samsung.
ITHome известува дека Samsung Display планира да им ги понуди своите флексибилни дисплеј панели на други компании. Се сугерира дека јужнокорејската компанија може да обезбеди еден милион флексибилни панели. Ова ги вклучува двата дизајни – хоризонтално свитливи дисплеи, како и вертикални. Според извештајот, неколку кинески компании се во преговори со Samsung Display за употреба на флексибилните панели на овој производител.
Покрај ова, се сугерира дека Xiaomi работи на неколку флексибилни телефони, а се очекуваат модели со екран што се свиткува навнатре, нанадвор, како и преклопен модел. Според наводите, Oppo исто така подготвува флексибилен уред за оваа година. Кога станува збор за Samsung, компанијата се очекува да објави неколку модели – Galaxy Z Fold 3 и Galaxy Z Flip 3, а се споменува и Galaxy Z Flip Lite.