Ако компанијата ја наречете Nothing, јасно е дека ќе привлече големо медиумско внимание, а токму тоа го направи Карл Пеи.
Карл Пеи е добро познато лице во светот на технологијата. Тој е еден од основачите на OnePlus и долго време беше негово заштитно лице во комуникацијата со медиумите и корисниците преку социјалните мрежи. OnePlus почна со паметните телефони и со текот на годините изгради голема армија фанови, кои со нетрпение ги очекуваа новите модели за кои беа подготвени со часови да чекаатпред продавниците. Тоа зборува за фанатизмот на нивните обожаватели и може да се спореди со оние на Apple.
Минатата година, Пеи одлучи дека е време да сврти нова страница во својата кариера и најави заминување од OnePlus. Во разговор за медиумите истакна дека се радува на новите предизвици и дека има интересни нови идеи што би сакал да ги испроба. Овие најави привлекоа големо внимание на јавноста, а во текот на оваа недела Пеи откри мал дел од своите планови, односно го најави својот нов стартап Nothing лоциран во Лондон.
We rethought everything and came up with #Nothing. pic.twitter.com/VSz905Kgug
— Nothing (@nothingtech) January 27, 2021
За жал, засега речиси ништо не е познато за Nothing. Компанијата на почетокот ја поддржаа познати имиња во технолошката индустрија и во неа инвестираа Тони Фадел (пронаоѓачот на iPod), соосновачот на Twitch, Кевин Лин, Извршниот директор на Reddit, Стив Хафман и познатиот јутубер Кејси Неистат, што е респектабилна екипа кој му даде доверба на Пеи и неговите планови. А овие планови вклучуваат уреди во различни категории (првите „паметни уреди“ ги очекуваме во првата половина на годината) – Пеи не сака да потврди, но медиумите зборуваат за слушалки. Долгорочен план е да се изгради екосистем на уреди, при што на почетокот компанијата ќе се фокусира на поедноставни уреди и со време ќе ја прошири својата понуда.