Периодот во кој продажбата на конзоли беше слаба, а интересот за видео-игри низок, изгледа дека сега е минато за компанијата Microsoft.
Услугата Xbox Game Pass ги предводи успешните финансиски резултати на компанијата за неодамна завршениот квартал. Microsoft откри зголемување на заработката од дури 51 процент, односно пет милијарди долари заработени само од гејминг дивизијата, што е нов рекорд поставен најмногу благодарение на Xbox конзолите.
Xbox Game Pass од 15 милиони порасна на 18 милиони претплатници, додека Xbox Live исто така има 100 милиони корисници. Побарувачката за новите Xbox Series X и Xbox Series S конзоли е исто така прилично голема.
Со пристигнувањето на новата генерација, продажбата на хардвер е зголемена за 86% за разлика од порано, што доведе до рекордна заработка благодарение на конзолите. Побарувачката е голема, но од Microsoft планираат да пуштат поголем број конзоли во продажба по 1 април.
Оваа година ќе биде успешна за Microsоft и брендот Xbox, а во план се да направат и околу 30 нови Xbox видеоигри. Microsoft планира во наредниот период да забележи раст од дури 40 проценти.
Извор: B92.net
Поврзани артикли