Најновиот премиум телефон на Samsung, Galaxy S21 Ultra е достапен во претпродажба, а дојде време уредот да се најде во рацете на Зак од YouTube каналот JerryRigEvery Everything и да помине интересни тестови за издржливост, на кои редовно се подлегнуваат смартфоните на овој канал.
Интересно е дека на Зак му беше испорачан модел со две заштити на екранот применети на Gorilla Glass Victus, што беше откриено при тестот на гребење. Не е познато дали ова ќе биде практика што Samsung ќе ја применува или се работи за грешка при склопувањето на телефонот.
Ако го оставиме ова настрана, Galaxy S21 Ultra и натаму има дисплеј од стакло, кој се гребе на шестото ниво на Мосовата скала, со подлабоки засеци од седмото ниво.
Страните на уредот се направени од алуминиум, како и копчињата. Екранот под оганот на запалката трае околу 45 секунди, по што не се опоравува. Сензорот за отпечатоци од прсти сместен под дисплејот работи дури и кога делот од екранот над него е изгребан.
На крајот од видеото, можете да видите и како Samsung Galaxy S21 Ultra помина на тестот на свиткување..