Samsung неодамна го претстави својот најевтин 5G телефон досега – Galaxy A32 5G. Jужнокорејската компанија во подготовка има уште два 5G модела 5G, Galaxy A52 и Galaxy A72. Двата смартфона од средниот сегмент се очекуваат во текот на првиот квартал, а ќе  пристигнат во 5G и 4G варијанти.

Со оглед на тоа што веќе знаеме дека Galaxy A32 5G се продава во Европа по цена од околу 280 евра, сигурно е дека двата претстојни модели ќе чинат многу повеќе. GalaxyClub сега ги откри цените на Galaxy A52 и A72 уредите.

Според информациите на германскиот портал Idealo, каде накратко беа наведени цените, Galaxy A52 128GB во 4G варијанта ќе чини 369 евра, додека 256 GB моделот ќе чини 429 евра. За оние кои сакаат 5G варијанта на телефонот, цените изнесуваа 449 евра за моделот со 128 GB и 509 евра за варијантата со 256 GB.

Сајтот Idealo не ги наведe цените за 5G верзијата на Galaxy A72, но знаеме дека 4G моделот од 128 GB ќе чини 449 евра, додека 256 GB моделот ќе има цена од 509 евра. Објавата Samsung Galaxy A52 и A72 уредите се очекува во следните недели.