Познатиот дојавувач OnLeaks објави фотографии и рани детали од уредот, за кој тврди дека е Sony Xperia Compact, најнов од линијата што не добила освежен модел од 2018 година, кога беше објавен XZ2 Compact.

Телефонот би требало да биде ривал на iPhone 12 mini, со 5,5-инчен екран, што ќе го направи привлечен за оние Android корисници кои не сакаат гломазни уреди, што во моментов се во тренд.

Не е сигурно кој процесор ќе го користи Xperia Compact, но OnLeaks истакнува дека на задната страна ќе има две камери (едната ќе има 13MP сензор), 8MP селфи камера во засек и 3,5мм приклучок. Сензорот за отпечатоци од прсти е вграден во копчето за вклучување

Нема информации за тоа кога Sony би можел да го претстави својот нов компактен уред, но се претпоставува дека би можел да биде најавен во февруари, а испораката да почне на пролет.