Руски научници први во светот успеаја да направат фотографија од британската варијанта на новиот коронавирус.

Научниците од Роспотребнадзор, руска федерална агенција и надзорно тело во јавното здравство, први успеаја да снимат микроскопска фотографија на британска варијанта на коронавирусот

„Државниот истражувачки центар на Роспотребнадзор, Вектор стана прв во светот што креираше фотографија од британската варијанта на коронавирусот, кој беше изолиран од пациент во декември 2020. година. Фотографијата на вирусот под микроскоп е направена во текот на студијата на оваа варијанта, вклучувајќи ги неговите структурни карактеристики и нивните експресии во клеточните култури и експериментални модели со употреба на лабораториски животни“, се вели во соопштението на федералната агенција.

Во соопштението стои дека Роспотребнадзор развил и PCR-тестови кои можат да ја откријат оваа нова варијанта на коронавирусот кај пациент и да ја распознаат од немутираните верзии на вирусот.

„Мутациите карактеристични за британскиот коронавирус не влијаат на ефикасноста на EpiVacCorona, кој содржи пептиди на антигени, кои се меѓу најконзервативните делови на вирусниот протеин и на кои не влијаат промените откриени во вирусот“, се вели во заклучокот од соопштението.

Велика Британија во декември објави дека е откриена нова варијанта на вирусот, што може да биде и до 70 проценти позаразна од другите варијанти на SARS-CoV-2. По информацијата, многу земји ги суспендираа патувањето кон и од Велика Британија , но нема вистински доказ дека новата варијанта е позаразна.