Според новиот извештај на Bloomberg, Apple работи на унапредена верзија на MacBook Air лаптопот, кој ќе има освежен дизајн и нов хардвер. Лаптопот би требало да пристигне кон крајот на годината, а авторот на извештајот открива некои детали за дизајнот на уредот.
Следната генерација на MacBook Air ќе има потенко и полесно куќиште, додека рамките околу екранот ќе бидат помали. Лаптопот повторно ќе го имплементира MagSafe системот за полнење. Покрај тоа, се очекува поистакнат дизајн, кој MacBook Air ќе го разликува од MacBook Pro.
Покрај подобрената естетика што ќе ја има претстојниот MacBook Air, се очекува дека лаптопот ќе користи и надграден Apple M1 чипсет.
Bloomberg верува дека новиот MacBook Air ќе биде позициониран повеќе како премиум алтернатива на сегашниот MacBook Air, отколку како негов директен наследник.