HP претстави нов Chromebook, кој нуди елегантно метално тело и најнови процесори од 11-та генерација на Intel, заедно со новите Iris Xe графички картички. Chromebook HP Pro c640 има цена од 419 долари за основниот модел.

Компанијата нуди и верзија наречена HP Pro c640 Chromebook Enterprise, за своите деловни клиенти, со почетна цена од 569 долари и нуди Chrome Enterprise Upgrade како дел од пакетот. Покрај тоа, Parallels Desktop за овој Enterprise модел ќе биде достапен наскоро, овозможувајќи им на корисниците да покренуваат 32-битни апликации за Windows 10 на уредот.

Кога станува збор за хардверските карактеристики, можен е избор помеѓу 14-инчен HD и FHD+ дисплеј, до 16GB RAM и 256GB SSD. Основниот модел нуди само 64GB побавно eMMC складирање. Chromebook HP Pro c640 може да се конфигурира со Intel Core i7 процесор и Iris Xe графика од 11-та генерација.

Дизајнот на лаптопот е многу хармоничен, со MIL-STD 810H тест за издржливост, додека тастатурата има отпорност на истурање на течности, а тука се и сензорот за отпечатоци, екран осетлив на допир и позадинско осветлување на тастатурата.

Вградената батерија има капацитет од 58Whr и дизајн со три ќелии. HP тврди дека нуди до 12,5 часа траење на батеријата со едно полнење. Лаптопот има поддршка и за Wi-Fi 6 и брзо полнење, а изборот на портови се состои од два USB-C и USB-A Gen 3,2 портови, со HDMI 2.0 приклучок, 3,5 mm аудио влез и слот за microSD картичка.