По одложувањетo, Honor V40 смартфонот од следната генерација конечно ќе биде претставен на 22. јануари. Ова ќе биде првиот телефон на компанијата, откако се одвои од Huawei.

Се појавија и официјални рендери од уредот, кои ги објавуваат малопродажните канали во Кина, и ни даваат подобар увид во дизајнот на телефонот од различни агли.

Honor V40 Pro се очекува со двоен punch-hole отвор на предниот панел, кој за разлика од претходникот, ќе биде заоблен OLED.

На задната страна е видлив дизајн во два тона, а веројатно и задниот панел ќе биде изработен од стакло. Во правоаголниот систем се наоѓаат четири камери, предводени од 50MP IMX766 главниот сензор. Тука се и 8MP ултраширокиот, 2MP макро и 2MP сензор со ласерски фокус.

Honor V40 Pro ќе го покренува MediaTek Dimensity 1000+ чипсет со 5G поддршка. Се очекува поддршка за 66W брзо полнење и 45W – 50W безжично полнење.