OnePlus официјално ја најави својата следна презентација, што ќе се одржи на 8. март, а во текот на која очекуваме да биде претставена новата OnePlus 9 серија паметни телефони на компанијата. Во кратот фото тизер, само се споменува дека има „нешто ново на повидок“.

Имавме веќе можност веќе да видиме многу протечени информации за OnePlus 9 линијата, која треба да ја сочинуваат три смартфони. OnePlus 9E/Lite ќе биде најдостапен и се очекува да има 6,5-инчен FHD+ екран со брзина на освежување од 90Hz, чипсет Snapdragon 690 и главна камера од 64MP. Стандардниот OnePlus 9 треба да има брзина на освежување на екранот од 120Hz, а ќе го покренува Snapdragon 888 чипсет. На задната страна се очекуваат три камери, со главен сензор од 48MP.

OnePlus 9 Pro ќе има голем 6,78 инчен, закривен QHD+ екран, со брзина на освежување од 120Hz. Ќе го покренува Snapdragon 888 чипсет, додека батеријата од 4500mAh ќе се полни со брзина од 65W, односно 45W безжично. Кога станува збор за камерите кај овој модел, се очекуваат широк, ултраширок, макро и сензор за длабочина. Гласините споменуваа 48MP главна камера и селфи камера од 16MP.