За оние кои не сакаат да се задоволат со биро и ултра широк монитор, нов уред – повеќенаменска компјутерска капсула – би можел да биде посоодветен.

Cooler Master се надева дека Orb X, полузатворената работна и гејмерска станица на компанијата, ќе привлече голем број корисници.

Orb X нема целосно да ве изолира од околината, но со своето потопување ќе ве натера речиси да не обрнувате внимание на работите и луѓето околу вас.

Вградениот потпирач за грб е создаден од вистинска кожа и има прилагодлив потпирач за глава, потпирач за ‘рбетот и потпирач за нозе.

Откако ќе се сместите удобно, моторизираната купола го спушта екранот до нивото на очите. Споменатиот екран може да се конфигурира како еден 34-инчен дисплеј или три дисплеи од 27 инчи.

Мултимедијалното искуство го комплетира вградениот систем за опкружувачки звук, за кој Cooler Master вели дека ќе ви овозможи да уживате во реален звук без потреба од слушалки.

Други корисни додатоци вклучуваат скриена преграда, каде што е можно да се постават компјутер и конзоли, маса со вграден безжичен полнач и бројни USB-A и USB-C порти.

Се е секако акцентирано со соодветно RGB осветлување. Cooler Master не објави цена за Orb X.