Facebook и Instagram ги вратија профилите на американскиот претседател Доналд Трамп кои беа блокирани по нападот на Капитол Хил. Профилите на Трамп повторно се појавија на двете мрежи доцна навечер во петокот, но засега на нив нема никаква активност.
Од Facebook кој е сопственик и на Instagram нема објаснување на оваа постапка.
Трамп беше блокиран од сите големи сoцијални мрежи вклучувајки го и Твитер откако неговите подржувачи насилно упаднаа во Конгресот. Во инцидентот пет лица ги загубија животите.
По насилните настани во Капитол Хил, сопственикот на Facebook, Марк Цукенберг рече дека профилите на Трамп ќе бидат блокирани најмалку две седмици односно до „комплеирањето на трасферот на власта“.
Покрај профилите на Трамп, социјалните мрежи блокираа профили и на негови подржувачи вклучувајќи ги и адвокатот Сидни Пауел и поранешниот осветник за национална безбедност, генералот Мајкл Флин.