Ако на LinkedIn се обидете да барате работа надвор од регионот, a имате некое вообичаeно име и презиме од нашиве краеви, особено ако содржи дијакритички знаци, странците би можеле да имаат проблем при изговарање на истото.

Во писмената комуникација тоа не е проблем затоа што веројатно ќе се копира, но ако остварите видео повик, тешко дека странците ќе знаат точно како се изговара вашето име.

За да не дојдете во незгодна ситуација, LinkedIn воведе нова функција. Од оваа недела, на својата мрежа воведува можност за додавање аудио записи долги до 10 секунди, кои ќе имате можност да ги додадете на својот кориснички профил. Во тие 10 секунди сами ќе го снимите точниот изговор на вашето име и презиме, со што ќе им помогнете во „дешифрирање” на сите кои ви го гледаат профилот.

Снимањето на изговорот на своето име можно е да се додаде во LinkedIn преку нивните мобилни апликации за iOS и Android уредите, додека со влез на профилот од било да е десктоп или мобилен уред, е можно да го слушнете.

Сите корисници на LinkedIn, кој инаку е во сопственост на Microsoft, би требало да ја добијат оваа можност до крајот на овој месец. Ако се викате Петре Петревски, Џон Смит или Ким Јае-Џонг, со овие детали на профилот секој ќе знае како сакате името да ви биде точно изговорено.

Извор: Seebiz.eu