Во Индија денеска почнува вакцинација против Ковид-19, а први ќе бидат вакцинирани здравствените работници.

Тоа ќе биде најмасовна имунизација во светот, при што е планирано да се вакцинираат 300 милиони жители и 30 милиони здравствени работници.

Индискиот премиер Нарендра Моди уапти апел до граѓаните да не веруваат во „гласините за безбедноста на вакцината“.

Претходно, индиската Влада соопшти дека министрите не се приоритет на почетокот од вакцинацијата.

Индија претходно ја одобри вакцината на Универзитетот Оксфорд и британската компанија AstraZeneca, како и индиската вакцина Bharat Biotech.