Реката Читарум во Индонезија е најзагадената река во светот. Во неа секој ден се исфрла по околу 280 тони индустриски отпад. Она што е повознемирувачко е дека повеќе од 28 милиони луѓе ја користат оваа контаминирана вода за пиење и подготовка на храна. Течението на Читарум е долго 300 километри, на неа има три хидроцентрали, а водата од реката се користи за наводнување на над 400.000 хектари ориз.

По реката пловат пластични шишиња, чанти, мртви животни и отровни супстанции од блиските фабрики. Селаните кои живеат до оваа река велат дека немаат друг избор освен да користат контаминирана вода за пиење и подготовка на храна.

World's Dirtiest River

This is the world's dirtiest river. But now there's a plan to clean it up.

Posted by AJ+ on Недела, 04 март 2018

„За време на дождовната сезона, реката се излева и ги загадува околните полиња, а поради тоа сè што ќе посееме станува контаминирано“, вели еден од селаните. Хемискиот отпад испуштен во реката предизвикува разни болести кај локалното население, кое во моментов не гледа можност да се реши овој голем проблем.

„Владата е запознаена со нашиот проблем, но таа не презема ништо за да ни помогне“, вели екологот Дани Ришвандани.

Претседателот на Индонезија, Јоко Видодо, рече дека водата на Читарум ќе биде целосно исчистена и подготвена за пиење за околу седум години.

„Ќе се обидеме да ја исчистиме реката што е можно побрзо и се надеваме дека за седум години ќе стане извор на чиста вода за пиење“, рече Видодо.

Локалното население, армијата, полицијата и Министерството за заштита на животната средина ќе бидат вклучени во проектот за чистење на реката. Од друга страна, еколозите тврдат дека Читарум никогаш нема да биде чист, доколку не се промени свесноста на локалното население и жителите не престанат да фрлаат отпад во реката.

Извор: Макфакс