Ликот што Џоди Фостер го глумеше во филмот „Контакт” е заснован врз директорката на SETI програмата, Џил Тарнер

До крајот на овој век би можеле да пронајдеме вонземјани, тврди доктор Џил Тартер, директор на SETI програмата (Search for Extraterrestrial Intelligence – Потрага по вонземска интелигенција), која се занимава со потрага на интелегентни облици на вонземски форми на живот.

На предавањето на Технолошкиот универзитет во Флорида таа наведе дека нашата потрага во моментов личи на отцрпување на чаша вода од океан.

– Се наоѓаме во огромно пространство. Нашето Сонце е само една од 400 милијарди ѕвезди во галаксијата Млечен пат. А нашата галаксија е една од 200 милијарди други галаксии во видливиот универзум, нагласи Тартер.

Според неа, прашањето за живот надвор од Земјата е едно од древните човечки прашања.

– Се занимаваме со навистина древно прашање, но веќе до крајот на 21. век би можеле да добиеме одговор на прашањето дали сме сами во универзумот, истакна таа.

Тартер смета дека напредокот на технологијата ќе не доведе до нови сознанија во истражувањео на универзумот.

– Можеме да произведеме серија од 96 обични и инфрацрвени камери и да ги поставиме нa 12 локации на планетата. Со нив буквално би го покриле целото небо и постојано би можеле да гледаме доколку се појави нешто необично, потенцира директорот на SETI програмата.

Доктор Џил Тартер целиот свој живот ја истражува оваа област поради што магазинот „Тајм” ја вброи во стоте највлијателни личности во светот, а ликот што Џоди Фостер го глумеше во филмот „Контакт” е заснован врз неа.