MSI се приклучува на голем број производители на лаптопи, кои своите уреди ќе ги надградат со најновиот хардвер на Intel и Nvidia. Компанијата објави неколку преносни компјутери со нова технологија, а меѓу нив се издвојува Stealth 15.
MSI Stealth 15 е нов 15-инчен лаптоп, кој ја имплементира H-серијата Intel Core процесори од 11. генерација и GeForce RTX 3060 мобилниот GPU, за да овозможи gejming перформанси во лаптоп тенок само 1,6 см и тежок 1,7 кг. Моделот со 144Hz 1080p екран, 16 GB RAM и 512 GB SSD ќе има цена од 1.399 долари.
Другите модели на лаптопи користат постари чипови на Intel, но добиваат надградба на графичка карта. MSI GE76 Raider од 17 инчи пристигнува со RTX 3060, 3070 или 3080 GPU, нудejќи замена на десктоп по почетна цена од 1499 долари. G6 Stealth од 15-инчи нуди сличен избор на графички процесор, почнувајќи од 1.799 долари и може да биде подобар избор за канцелариско опкружување, додека GP66 Leopard е наменет за гејмери и инженери со RTX 3070 и 3080опции за GPU.
За просечните корисници, кои не се заинтересирани за сиров гејминг, MSI подготви 15-инчен GF65 Thin и 17-инчен GF75 Thin модел, кои доаѓаат само со RTX 3060 видео картички. Овие лаптопи имаат почетни цени од 999 и 1299 долари. На професионалците им се достапни RTX 3060 и 3070 Creator 15 лаптопи со цени од 1899 и 2099 долари.
Сите споменати MSI лаптопи MSI се достапни во претпродажба, во онлајн продавниците.