Razer во текот на CES 2021 саемот прикажа неколку интересни концепти, меѓу кои најмногу се истакнува Project Brooklyn. Се работи за ултимативно гејминг столче, со свиткувачки 60-инчен OLED екран.

И покрај фактот што Project Brooklyn можеби никогаш нема да стане комерцијално достапен, се работи за решение што може да задоволи многу гејминг потреби. Најголемата карактеристика секако е заоблениот OLED екран од 60 инчи, кој се вовлекува во потпирачот од столицата кога не се користи.

Project Brooklyn користи и LED осветлување, тактилен одзив во рамките на рамката на столчето, како и модуларен потпирач за раце кој може да се трансформира во маса за PC гејминг.

Razer посочува дека Project Brooklyn концепт гејмерското столче е тука да ја инспирира индустријата, но и да понуди нуди увид во тоа како може да се подобри механиката и дизајнот за да се овозможи поимерзивно гејмплеј гејминг искуство и да се поттикне развојот на Razer гејминг столчињата во иднина.

Razer направи паметна заштитна маска што не ја ограничува комуникацијата (ВИДЕО)