Samsung официјално го претстави Exynos 2100, кој претставува првиот премиум чипсет на компанијата со интегриран 5G модем и втор модел креиран во 5nm EUV производен процес.
Процесорот го имплементира новото Cortex-X1 јадро на ARM, со високи перформанси и работен такт о 2.9GHz. Тука се уште трите A78 јадра и четирите ефикасни А55 јадра. Samsung тврди дека процесорот е 30 проценти побрз во multi-core задачите во споредба со моделот Exynos 990. Кога станува збор за процесот на производство, Exynos 2100 и Snapdragon 888 се модели што го користат 5nm EUV на Samsung.
Графичкиот процесор го користи новиот Mali-G78 дизајн со 14 јадра, а компанијата тврди дека нуди подобрување од 40 проценти на перформансите. Тријадрениот NPU користи нова архитектура и постигнува 26 TOPS кога станува збор за перформансите.
Exynos 2100 со новиот Image Signal Processor (ISP) процесор поддржува камера сензори до 200MP. Може да се поврзе со шест индивидуални сензори и истовремено да обработува податоци од четири сензори. Multi-camera и Frame Processor (MCFP) можат да спојат податоци за сликата од различни камери за поквалитетно зумирање и ултрашироки снимки. NPU се користи за анализирање на сцени, откривање на лица и предмети.
На крајот, Exynos 2100 е првиот премиум Exynos чипсет со интегриран 5G модем. Интегрирани 5G модеми имаат и Exynos 980 и 1080 моделите, но тие се дел од горниот среден сегмент на понудата на чипови. Модемот може да оствари 7,35 Gbps downlink брзини mmWave мрежата и 5,1 Gbps на sub-6 мрежата.
Новиот Samsung Exynos 2100 чипсет е веќе во масовно производство, а ќе ја покренува новата Galaxy S21 серија телефони.
Поврзани артикли