Полицијата во САД купува и користи алатки како GrayKey, за отклучување на Ајфони. Овие алатки овозможуваат пристап до содржините на заклучени телефони кои биле користени за од некои извршувачи на криминал.

GrayKey е прилично скапа алатка, а нејзиниот креатор не гарантира колку долго ќе функционира. Оваа алатка се заснова на пропустите на iOS, кои се познати на Apple и кој компанијата во секое време може да ги поправи. Сепак, таквиот ризик им се исплаќа на органите на власта и агенциите.

Неколку полициски департмани од различни сојузни држави во САД веќе го купиле GrayKey, додека други планираат да го купуват, вклчувајќи ги и тајните служби.

Оваа алатка стана најпознатата за отклучување на Ајфони, по нејзиното објавување на почетокот од оваа година. Изработена е од компанијата Grayshift, каде што има поранешно вработени од Apple.

Постојат две верзии на GrayKey – едната чини 15 илјади долари и може да се користи 300 пати. Оваа алатка мора да биде поврзната на Grayhisft серверот на која што е подесена првиот пат.

Втората верзија чини 30 илјади долари и може да отклучи неограничен број на Ајфони. Исто така оваа верзија може да се користи на било која мрежа и не бара поврзување со Grayshift.

Двете верзии функционираат така што ги прескокнуваат ограничувањата за тоа колку пати една лозинка може да се внесе на iOS уред и колку брзо. Кога телефонот ќе се поврзе со GrayKey, системот се обидува да го отклучи со секоја можна комбинација на лозинки додека не ја погоди вистинската. Овој процес трае од неколку часа до неколку дена.