Google официјално го започна бета тестниот период за преземање и лансирање игри од својата онлајн Play Store продавница на компјутерите со Windows.

Во почетната фаза на тестирање, само корисниците од одредени региони можат да ги испробаат Android апликациите на компјутерите со Windows. На десктоп верзијата на Google Play за играта Lineage2M во поголемиот број на региони се појави копчето “Download on Windows”.

Познато е дека Microsoft користи Purple емулатор, а дали ќе се користи за целиот проект за тестирање на различни работи во различни региони, останува да видиме.

Со кликнување на линкот на изворот, можно е да се провери дали корисникот е меѓу оние на кои им е дозволено преземање на Lineage играта за Windows.

Во следниот период се очекува опцијата за преземање за се повеќе наслови.