Дали знаете кои три копчиња на тастатурата се најпопуларни?

Можеби не сме свесни за ова, но овие три копчиња најчесто го притискамр на тастатурата од компјутерот.

Маркетинг менаџерот за хардвер на Microsoft, Синил Гуд го знае одговорот на ова прашање. И тој со задоволство го сподели со сите нас.

Третото најпопуларно копче на тастатурата е „Backspace“, второто најпопуларно копче е буквата „E“, а убедливо најпопуларно копче на тастатурата е „Space“.

Уште еден интересен факт што го сподели Гуд е дека 90 проценти од луѓето користат само 9 прсти кога пишуваат, односно не го користат левиот палец затоа што со десниот го притискаат „Space“.