Компанијата Blizzard официјално ја претстави мобилната верзија на World of Warcraft наречена Warcraft Arclight Rumble.

Тоа е потполно бесплатна акциона стратегија која е блиска до традиционалната Warcraft стратегија. Играчите избираат еден од петте водачи да командуваат со нивните трупи во борба, и ќе можат да играат во мод PvE и PvP, да заработуваат злато и да ги зајакнат своите сили за успешно исполнување на целите.

За оваа игра се зборува уште од февруари, кога беше „скриена“ во извештајот за кварталната заработка на Blizzard. Тоа е обид на компанијата да донесе оригинална содржина на мобилните уреди. Првично беа планирани две мобилни игри за Warcraft франшизата, но тоа во меѓувреме беше отфрлено.

„Играта е дизајнирана за мобилни уреди и сместена во саканиот универзум на Warcraft. Ги повикува играчите да создадат војски со нивните омилени херои и негативци од Warcraft и да се борат во различни сценарија дизајнирани да ги тестираат нивните тактички вештини“, соопшти компанијата.

Blizzard објави и трејлери за својата нова игра на YouTube.