OnePlus 12 добива поголема батерија, а знаеме и колку брзо ќе може да се полни.

OnePlus 12 се појави на списокот за сертификација 3C во Кина, што открива детали за брзината на полнење на овој претстоен премиум телефон.

Сертификатот укажува на поддршка за брзо полнење од 100 W, при што полначот поддржува 11V/9.1A – исто како што имаше OnePlus 11.

Сепак, дојавувачот Digital Chat Station додава дека OnePlus 12 ќе има поддршка и за безжично полнење од 50 W, додека капацитетот на батеријата ќе биде зголемен на 5400 mAh.

Претходните извештаи споменуваа дека OnePlus 12 ќе пристигне со 6,82-инчен OLED дисплеј од 120 Hz, ќе се напојува со процесор Snapdragon 8 Gen 3 и ќе има нов сензор за камера Sony Lytia.