Се очекува Honor во јануари да ја претстави V40 серијата телефони, а еден од членовите на новата серија се појави на Game Bench бенчмарк. Листата открива телефон со ознака NWE-AN10, кој користи Android 10 и има Mali-G77 MC9 графички процесор. Покрај тоа, телефонот е способен да достигне 90fps.

Дојавувачот кој го откри телефонот, сугерира дека NWE-AN10 е Honor V40 уред, но не е познато дали станува збор за стандардна или Pro верзија. Она што е познато е дека споменатиот графички процесор е дел од Dimensity 1000+ чипсет от на компанијата MediaTek.

Остварените 90fps сугерираат дека дисплејот на телефонот ќе има брзина на освежување од 90Hz, но не треба да се исклучи ни можноста за имплементирање на 120Hz, како што сугерира гласините од претходно. Ова значи дека 90Hz може да бидат резервирани за стандардниот, а 120Hz за Pro моделот.

Honor V40 претходно беше сертифициран со полнач од 66W од 3C агенцијата. Истиот полнач го видовме порано кај Huawei Mate 40 Pro и Huawei Nova 8 моделите .