Американската онлајн компанија Amazon денеска соопшти дека купила 11 авиони Боинг 767-300, со цел да ја зајакне можноста за брза испорака на стоки и да одговори на растот на нарачките преку Интернет.
Авионите, од кои седум се купени од „Делта ер лајнс“ и четири од „Вест џет ерлајнс“, ќе се приклучат на карго воздушната флота на Amazon до 2022 година, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на компанијата.
Во јуни, Amazon изнајми 12 товарни авиони Боинг 767-300 од Групата за услуги за воздушен транспорт, со што вкупната флота се искачи на повеќе од 80 авиони.
– Комбинацијата на изнајмени авиони и оние што ги поседуваме во нашата растечка флота ни овозможува подобро да управуваме со нашиот бизнис, рече Сара Роудс, потпретседател на „Амазон глобал ера“.
Компанијата во октомври соопшти дека веројатно ќе продолжи со зголемувањето на трошоците за инфраструктура за испорака на стоки.