Приближно еден од 100.000 луѓе кои ја примиле Pfizer вакцината на BioNTech против Ковид-19 имале сериозна алергиска реакција, соопштија здравствените власти во САД, истакнувајќи дека придобивките од вакцинацијата се многу поголеми од познатите ризици.

Ова се податоци од Центрите за контрола и превенција на болести на САД кои документираа 21 случај на анафилакса по инјектирање на 1.893.360 дози на вакцина од 14 до 23 декември.

Тоа во просек се 11,1 случаи на анафилаксија на милион примени дози, им изјави на новинарите официјалниот претставник на CDC, Ненси Месоние.

За споредба, вакцината против грип предизвикува околу 1,3 случаи на анафилаксија на милион дози, па стапката на  на вакцината Pfizer е за речиси десет пти поголема.

Месоние додаде дека случаите на анафилаксија се уште се „исклучително ретки“ и дека е во најдобар интерес на луѓето да се вакцинираат, посебно во контекст на Ковид-19 пандемијата, што е многу поопасно за нивното здравје.

“Лошите резултати од Ковид-19 се уште се поголеми од ризикот од вакцините”, посочува таа.

“За среќа, знаеме како да лечиме анафилаксија и обезбедивме дека на местата каде што се спроведува вакцинацијата, луѓето кои даваат вакцини се подготвени за лекување на анафилаксија”.

Забележаните 21 случаи на анафилаксија – акутни, опасни по живот алергиска реакции – се појавија кај вакцинирани лица на возраст од 27 до 60 години, во просек од 40 години, а сите освен двајца биле третирани со епинефрин.

Деветнаесет случаи (90 проценти) се случиле кај жени, а просечното време на појавување на симптомите било 13 минути, иако имало и такви што се појавиле по две до 150 минути.