НАСА се подготвува за лансирање на роботизирано вселенско летало на мисија за проучување на длабоката внатрешност на Марс и откривање на сеизмичката активност под нејзината површина. Леталото Марс Инсајт се очекува викендов да биде лансирано од воздухопловна база Ванденберг во Калифорнија.

Ова е прво летало на Марс која ќе биде лансирано од страна на американската вселенска агенција од 2012 година. Научниците веруваат дека Земјата и Марс биле формирани од слични процеси пред 4,5 милијарди години. Тие се надеваат дека ќе се утврди зошто двете планети се развиле поинаку.