Астрономите воочиле мистериозен „објект“ кој плови околу Земјата и повремено околу Месечината. Научниците претпоставуваат дека се работи за „лесен материјал“, метална фолија, која е останата од ракетите после лансирањата.

Тие овој објект го нарекле A10bMLz, а наведуваат дека не им е јасно од која ракета е материјалот.

Како што пренесува Independent, тој објект понекогаш се приближува на околу 600 километри од Земјата, но научноците забележале дека се движи и околу Месечината.

Наведуваат дека и поради својата мала маса, A10bMLz е многу чувствителен на притисокот од зрачењето на Сонцето. Тоа значи дека неговата орбита се менува „хаотично“ од ден на ден и од седмица во седмица, наведуваат истражувачите од Опсерваторијата во Лондон (NBO), која го анализирала.

Тоа значи, наведуваат тие, дека е невозможно во целост да се предвиди каде би можел A10bMLz да одлета. Тој предмет се однесува како пластична кеса на ветер.

Би можел повторно да влезе во Земјината атмосфера во наредните месеци, но би можел и само да продолжи да лета околу нашата планета.

Ова не е првпат астономите да воочат ваков предмет во вселената, но првпат се воочени вакви движења.

Објектот првпат е виден со помош на хавајскиот телескоп Атлас. Натамошната анализа на Опсерваторијата во Лондон утврдила дека „објектот“ е многу лесен, релативно широк и воочени се негови „чудни“ движења.

Извор: B92.net