Целосно новите материјали кои ќе се користат за изработка на батерии, навистина ќе ја продолжат должината на нивното траење-на општо задоволство на сите нас.

Истражувачки тим од Универзитетот Мичиген и Корнел произведе материјал кој го нарекоа “magnetoelektrik multiferoik” (magnetoelectric multiferroic).

Материјалот е тенок поларен филм, кој на уредите ќе им овозможи да работат на принципот енергетски удари наместо постојан доток на струја. Тоа, генерално, ќе подразбира дека е потребно многу помалку енергија за напојување на уредите отколку досега.Со ваквата батерија, на стандарден мобилен телефон ќе му бидат потребни 100 пати помалку енергија, тоа значи дека самото полнење на батеријата ќе се одвива многу поретко отколку сега.

Новата батерија, за жал, нема да биде подготвена за комерцијално производство пред 2030 година, наведуваат научниците.