Во текот на 2021. година се очекува позначајно прифаќање на OLED дисплеите. Samsung потврди дека планира да прикаже десет OLED екрани за лаптопи за време на CES 2021 саемот, што ќе овозможи висок квалитет и OLED можности во идните преносни компјутери.
Со оваа најава, Samsung потврди дека е во фаза на производство на 15,6-инчен OLED екран со 1080p резолуција, што ќе овозможи OLED да биде имплементиран во широкиот спектар на лаптоп дизајни. OLED технологијата нема да биде лимитирана само на уреди со ултра висока резолуција, што е добра вест за мејнстрим корисниците на лаптопи.
Samsung планира да почне со масовно производство на OLED екраните за лаптопи. Благодарение на овие дисплеи, Samsung ветува одлично искуство на преглед на содржини, 120% покриеност на DCI-P3 спектарот на бои, минимални нивоа на осветленост од 0.0005 cd/m2 и 85 проценти HDR покриеност.
Во овој момент, Samsung не откри кои лаптопи конкретно ќе ги користат овие OLED панели, но тоа би можело да биде објавено во текот на CES 2021 саемот.
Поврзани артикли