Директорот на рускиот Научно-истражувачки Институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“, Александар Гинзбург, соопштил дека 85 отсто од доброволците кои што ја примиле вакцината Спутник V немале никакви непосакувани дејства.
„Трите фази од клиничките испитувања на вакцината Спутник V покажуваат дека никакви непосакувани дејства не биле забележани кај 85 отсто од доброволците кои што биле вакцинирани“, изјавил Гинзбург на конференцијата за новинари во Москва.
Директорот на Институтот изјавил дека 15 осто од вакцинираните доброволци развиле црвенило на местото на вбризгување на вакцината и блага главоболка која што поминала во рок од 24 часа.
„Најнепријатни непосакувани дејства кои што некоја личност може да ги развие во текот на примањето на вакцината е температура до 38 степени целзиусови во текот на првите два дена, а истата може да биде третирана со една таблета парацетамол“, објаснил Гинзбург.
Спутник V е првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот. Беше регистрирана и објавена на 11-ти август, а првите испитувања кои што потоа следеа почнаа во Москва на 7-ми септември.
Два дена подоцна првите доброволци ја примија вакцината. Во клиничките испитувања биле опфатени околу 40.000 луѓе, од нив 10.000 примиле плацебо наместо вакцина.
Извор: Alo.rs
Поврзани артикли