Македонската компанијата Elevate Global која работи на проекти поврзани со вештачка интелигенција и машинско учење, е селектирана помеѓу 30-те најиновативни технолошки компании од Југоисточна Европа кои ќе бидат презенирани на South East Europe Tech Tour 2019 на 28 & 29 Мај во Букурешт и Софија.

Овие 30 компании беа избрани врз основа на нивната иновативна примена на технологии, силен бизнис модел, менаџерски тим и докажани капацитети за извршување, во силна конкуренција на преку 150 компании кои се најдоа во фазата на пред селекција.

Најдобрите 30 ќе го презентираат својот бизнис и технологија пред 40 топ интернационални инвеститори кои се активни во регионот на Југоисточна Европа и ќе учествуваат во панел-дискусии на кои ќе споделат повеќе за своите решенија и импактот врз развојот на технологиите воопшто.

Ко-основачи на Elevate Global (линк) се двајца доктори по технички науки, Горан Стојановски и Ѓорѓи Маџаров, а во тимот се вклучени и неколку софтверски инжинери и data-science истражувачи.

Решенијата на Elevate Global во областа на data mining, вештачка интелигенција и машинско учење им помагаат на компаниите да ја унапредат својата работа и да ги оптимизираат своите ресурси – така што самото користење на решенијата кои ги нудат, се исплаќа од финансиските резултати од реализираните бенефити. Досега услугите на Elevate Global ги користеле повеќе домашни и интернационални компании во областа на енергетиката, телекомуникациите, банкарството, производствените капацитети, тешките индустрии итн.Неодамна, Elevate Global со своето решение ,,ASAP” беа победници на глобалниот Betapitch инвестициски ден кој се одржа во Берлин, Германија.