Дали би сакале да видите како изгледа сенката од затемнувањето на Сонцето над Земјата? На 14 декември дел од жителите на Чиле и на Аргентина можеле да го видат затемнувањето на Сонцето – единственото во 2020 година, но за оние што не живеат таму американскиот сателит ГЕОС направи видео од затемнувањето.

Видеото изгледа неверојатно. Кругот што се движи на видеото е сенката на Месечината. Ова била првото и последно затемнување на Сонцето во 2020 година.

Следното ќе ги зафати Канада, Гренланд и делови од Азија во јуни 2021 година. Но тоа затемнување ќе биде тешко за забележување, освен на Антарктикот.