Xiaomi минатиот месец го претстави Redmi 9 Power, а сега се сугерира дека компанијата во линијата ќе го додаде Redmi 9T моделот, што ќе биде претставен на 8 јануари.

Иако од Xiaomi нема официјални информации за Redmi 9T, гласините сугерираат дека не се работи за целосно нов телефон, туку за ребрендиран Redmi 9 Power, кој пак е редизајниран Redmi Note 9 4G со дополнителна 2MP макро камера.

Доколку се обистинат овие предвидувања, Redmi 9T ќе користи Snapdragon 662 чипсет, ќе има 6,53-инчен FullHD+ LCD екран, 6000mAh батерија и вкупно пет камери (8MP селфи од предната страна, како и 48MP главна, 8MP ултраширока, 2MP макро и 2MP длабочинска на задната страна).

Redmi 9T се појави и во видео отпакување на YouTube (кое во меѓувреме е отстрането) и се забележува дека доста потсетува на Redmi 9 Power моделот.