Научниците веруваат дека овој доктор од Тајланд починал откако се заразил со коронавирус преку мртов пациент.

Форензичарот бил заразен во Бангкок и тоа воедно се смета за прв таков случај во светот.

Во веста објавена во „Journal of Forensic and Legal medicine“, истражувачите предупредиле дека форензичарските работници и патолози ќе мора исто така да се штитат максимално од инфекцијата.

СЗО препорача медицинските и останатите работници кои што имаат контакт со телата на починатите пациенти од коронавирусот да бидат внимателни затоа што сè уште не е познато на кои начини вирусот може да се шири.

Научниците сметаат дека постои ‘мала шанса’ форензичарите да дојдат до контакт со заразен пациент, но дека тие имаат контакт со мртвите тела.

„Моментално немаме податоци за точниот број на мртви тела контаминирани од Ковид-19, затоа што рутински не се проверуваат. Сепак, контролата на инфекцијата и универзалната мера на претпазливост се неопходни.

Форензичарите мора да носат заштитна опрема, вклучувајќи и заштитно одело, ракавици, очила, капа и маска. Постапката за дезинфекција која што се користи во операционите сали може да се применува и во патолошките – форензичарски единици“ – изјавиле научниците.

Извор: Informer.rs