Последниот ден од 2020 година Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија издаде одобрение за користење на руската вакцина против коронавирус „Спутник V“.

Според претставникот на српската државна агенција Павле Делиќ, вакцината „ги помина сите неопходни проверки кои се извршени во согласност со законот“ и таа „одговара на високите стандарди“.

Агенцијата одговорна за квалитетот на лековите во Србија издаде официјално одобрение за примена на првата партија на вакцината „Спутник V“ во која има 2400 дози. Таа партија на 30 декември пристигна во белградскиот институт за вирологија „Торлак“. Првите дваесет дози „Спутник V“ пристигнаа во Србија уште на 4 декември. Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија Саша Јаќовиќ изјави дека стручњаците на агенцијата буквално деноноќно го тестирале рускиот препарат со цел што побргу да им обезбедат на граѓаните пристап до квалитетна и ефикасна вакцина, пренесува агенцијата ТАСС.