„Затворањето беше панична мерка и верувам дека историјата ќе покаже дека обидот за контрола врз Ковид-19 со помош на карантин беше монументална грешка“.

Британскиот експерт Марк Вулхаус истакнал дека карантинот бил „мерка на паника” и единствена опција во дадениот момент „затоа што не можеле да смислат ништо подобро“.

Сепак овој професор на Универзитет во Единбург, тврди дека тоа била ригорозна и груба мерка која што не го зема предвид нивото на ризик за различни поединци.

Вулхаус мисли дека секоја една нација уште од месец март требаше да се концентрира на училиштата и домовите за нега на стари лица.

„Затворањето беше панична мерка и верувам дека историјата ќе покаже дека обидот за контрола на Ковид-19 низ карантин беше монументална грешка на глобално ниво, лек кој што е полош од болеста“ – истакнал Вулхаус, кој што инаку е член на Научната група за пандемија која што ја советува британската влада.

„Никогаш повеќе не сакам да видам национално заклучување. Тоа беше привремена мерка. Сега знаеме повеќе за вирусот и како да го следиме истиот, не треба повторно да бидеме во таква положба“ – вели тој.

„Апсолутно не треба да се вратиме на позиција каде што децата нема да можат да си играат ниту да одат на училиште. Верувам дека штетата која што е нанесена на образованието, здравството и широкиот аспект на нашата економија и општество нема да биде многу голема на крајот.

Верувам дека сега повеќе луѓе се оштетени од затворањето отколку од самиот Ковид-19“ – заклучил тој.

Извор: Mondo.rs