Една од карактеристиките на поновите премиум телефони се високите стапки на освежување на екранот. Гласините сугерираа дека Apple ќе имплементира 120Hz освежување на iPhone 12, но тоа сепак не се случи. Сега нов извештај сугерира дека некои модели од iPhone 13 линијата ќе добијат стапка на освежување на дисплејот од 120Hz.
Извештаите од Јужна Кореја сугерираат дека оваа технологија на екранот ќе биде лимитирана само на Pro моделите на новиот iPhone. Се истакнува дека Apple ќе овозможи 120Hz освежување на LTPO дисплејот за двата најмоќни модела во следната линија. Тоа најверојатно ќе бидат iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max.
Покрај тоа, извештајот сугерира дека Samsung и LG ќе бидат снабдувачи на овие дисплеи. LTPO екраните ќе и овозможат на новата iPhone 13 линија да биде поефикасна кога станува збор за потрошувачката, а исто така ќе ја нуди и можноста за always-on display функцијата.
Накратко, на iPhone 13 серијата се очекуваат следните дисплеи:
iPhone 13 mini: 5.4-inčni LTPS екран, 60Hz освежување.
iPhone 13: 6.1-inčni LTPS екран, 60Hz освежување.
iPhone 13 Pro- 6.1-inčni LTPO екран, 120Hz освежување.
iPhone 13 Pro Max- 6.7-inčni LTPO екран, 120Hz освежување.
Поврзани артикли