Компанијата Google тестира систем за вештачка интелигенција, кој на слепите луѓе ќе им помогне да можат самостојно да трчаат без да се држат за некого. Системот се вика Project Guideline, а за да се користи е потребен Android телефон кој корисникот го поставува на кучето водач и апликација што ја користи камерата од телефонот за следење на линијата на патеката за трчање.
Апликацијата на корисникот му испраќа звук во слушалките со различен интензитет кој му кaжува каде точно се наоѓа во однос на линијата на патеката. Апликацијата не мора да се поврзе на интернет за да функционира и може да се прилагоди за различни временски и светлосни услови.
Google овој систем го развива во соработка со Томас Пенек, директор на школата за обука на кучиња водичи Guiding Eyes for the Blind, кој се занимава со рекреативно трчање. Во проектот учествуваат и други организации кои поставуваат патеки за трчање и цртаат линии по патеките.