Компанијата Jaguar Land Rover создаде мобилна врата која користи микс од неколку електронски технологии и сензори за движење за автоматски да се отвори кога ќе пријдете. Се што ќе треба да направите е да дадете знак со раката кога сте целосно подготвени за возење. Постојат копчиња кои се наоѓаат над главата кои можете да ги користите за отворање или затворање на вратите, а исто така има и вграден радар кои овозможува вратата да избегне удар во друга кола или некој сообраќаен знак или бандера.

Компанијата во моментов ја тестира вратата врадена во Range Rover Sport со помош на атлетичарот или поранешен командос Марк Ормрод.

Компанијата не соопшти кога оваа технологија ќе биде вградена во автомобилите. Овој вид на технологија ќе биде од особено значење за голем број на луѓе.