Oppo е еден од најпопуларните брендови за паметни телефони кога станува збор за иновативни експерименти на телефоните. Компанијата уште еднаш подготвува нешто интересно во своите лаборатории за тестирање.
Овој пат, Oppo работи на телефон наречен Oppo X Tom Ford Edition, кој треба да има дисплеј што се свиткува. Дизајнот на телефонот се појави на CNIPA листингот.
Судејќи според фотографиите, телефонот ќе има лизгачки / свиткувачки дисплеј во слајдер куќиштето. Развојот на дизајнот е дело на тимот на Tom Ford, а рендерите покажуваат стилизирана кафеава боја и вертикално издолжено тело.
Кога е склопен, Oppo X Tom Ford Edition изгледа компактно и преносно, а кога ќе се расклопи се добива голем дисплеј (помал од оној на таблет уредите, но поголем од екранот на традиционалните телефони). Флексибилниот дисплеј се свиткува во внатрешноста на куќиштето користејќи посебен механизам. На овој начин, телефонот е во можност да ја намали големината на уредот за половина.
Телефонот ќе има три камери на задната страна, сместени во средината на задниот панел. Предната камера не е видлива на рендерите и постои можност уредот да користи сензор за селфи камера под екранот.
Не е познато кога е планирано објавување на Oppo X Tom Ford Edition, како и остатокот од спецификациите на уредот.