Првите чипови креирани во 5nm процес на производство, штотуку почнаа да пристигнуваат од погоните на компанијата TSMC, но Apple веќе гледа кон иднината и има големи планови за 3nm и 4nm нодови.
Според наводите, Apple веќе има обезбедено значителна количина нарачки за производство на 3nm чипови за 2022 година. Извори блиски на оваа тема сугерираат дека споменатите чипови најверојатно ќе ги покренуваат идните iPad и MacBook уреди.
Ова значи дека ќе видиме употреба на 5nm и 5nm+ чипови најмалку уште една година. TSMC е речиси подготвен за процесот на сертификација, со пробно производство веројатно ќе почне следната година, додека масовното производство на 4nm и 3nm чипови се очекува во 2022. година.
Иако гласините ги споменуваат MacBook и iPad уредите со М серијата чипови во новата архитектура, постои можност iPhone уредите од 2022 година да ја користат истата технологија.
Поврзани артикли